Лина Ѓорческа обезбеди ново финале, второ последовно во Анталија, откако денеска во полуфиналето славеше над Украинката Маријана Закарљук со 6:2, 6:3. 

Македонската тенисерка е прва носителка на овој турнир,  кој има награден фонд од 15.000 долари. Во битката за титулата Лина ќе игра против финската тенисерка Она Орпана, трета носителка. Орпана во полуфиналето ја совлада Ирина Хромачева, откако Русинката го предаде мечот при резултат од 6:2 и 1:0.

За потсетување Ѓорческа минатата седмица, исто така во Анталија стигна до својата 10.титула во поединечна конкуренција.