Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во четврфиналто на ИТФ турнирот во Трнава, Словачка, по победата над Викторија Морвајова.

Лина во маратонски меч од 2 часа и 16 минути игра славеше со 2-1 во сетови, иако првиот сет замина на контото на Морвајова со 7-5. Сепак, тетовчанката во следните два беше подобра со идентични 6-4 и обезбеди место меѓу 8-те најдобри.

Следниот предизвик на Ѓорческа ќе биде подобрата од дуелот меѓу искусната Романка Александара Каданту и Јурико Мијазаки од Јапонија.