Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорчевска ќе се бори за трофејот од ИТФ фјучерсот во Трнава.

Ѓорчевска во полуфиналето одигра маестрално против Влада Ковал остварувајќи победа од 6:3 и 6:3 за еден час.

Сега пред Ѓорчевска е последната пречка до трофејот и наградата вреда 25 000 долари. Финалниот дуел со Русинката Софија Лансере.