Неодамна Казакстанецот со руско потекло, Александар Бублик, стана ѕвезда на социјалните мрежи, откако дивееше на мечот со Хенри Лаксонен на АТП турнирот во Монпелје.

Кога зареди со грешките, тој почна да урла:

„Од се срце го мразам тенисот, Е*ено го мразам. Најодвратен е од сите спортови, го мразам секој ден во кој морам да го играм“, викаше Бублик.

Дури сега, на турнирот во Марсеј тој објасни зошто го мрзи тенисот.

Не гледам ништо позитивно во тенисот и го играм само поради парите. Да не се заработува толку во тенисот, веднаш би престанал да го играм, но засега морам“, изјави 55-от светски рекет.

Претходно и австралиецот со хрватско потекло, Бернард Томиќ, исто така изјави дека игра поради парите.