Марин Чилиќ, поради повреда на коленото, нема да биде во можност да настапи за Дејвис Куп репрезентцијата на Хрватска која е бранител на титулата.

Местото на Марин во репрезентацијата би требало да го заземе ветеранот Иво Карловиќ. Покрај него на завршниот турнир ќе настапат Борна Чориќ, Мате Павиќ, Никола Мектиќ и Иван Додиг. Хрватска се наоѓа во Б-групата заедно со Шпанија и Русија.

Проблемот се коленото се повторува. Ме советуваа на почетокот на годината да заминам на операција, но во меѓувреме ситуацијата се подобри поради што немаше потреба од операција. Сепак решив да одам на помал зафат поради што ќе морам да мирувам неколку недели. Поради тоа нема да можам да играм во Девис купот. Со тешко срце ја донесов оваа одлука“, објави Чилиќ на својот „Фејсбук“ профил.

Оваа година за прв пат Дејвис Купот ќе се игра во нов формат, односно во една седмица, а ќе се одржи од 18 до 24 ноември во Мадрид.