Американката Кори Гауф има само 15 години и 122 дена, таа најмладата во историјата на Вимблдон што ќе настапи на главниот дел од неофицијалното Светско првенство во тенис .
Гауф во моентов е на 301 позиција на ВТА листата,во квалификациите ја победи Грет Минен од Белгија со 6-1 и 6-1 и обезбеди учество во првото коло на главниот дел од турнирот. Еден ден пред овој меч, младата Гауф полагаше тест на училиште.
Таа е прва тенисерка на Вимблдон која ќе настапи со 15 годишна возраст по 2009 година, претходно тоа и успеа на домашната натпреварувачка Лора Робсон, сепак Гауф испиша историја бидејќи во „Open era“ е најмладата натпреварувачка .
Вимблдон 2019 започнува од 1 јули, преноси со коментар на македонски јазик ќе можете да следите на 1ТВ секој ден од 14 часот.
Be the first to write a comment.