Поранешната тенисерка од Русија, Надја Петрова која беше трета на ВТА листата смета дека Роже Федерер е тенисерот кој единствен „совршен“.

Според Петрова, Рафаел Надал само му се доближил на Федерер статистички, Шпанецот има 20 Грен слема колку и Швајцарецот, но тоа е само бројка на титули, за се останато во тенисот, пример е Федерер.

„За мене секогаш на врвот ќе биде само Федерер, неговиот стил на игра, начинот на кој игра на сите подлоги е совршен“ – изјави Петрова.

Петрова не го ни спомна Новак Ѓоковиќ како тенисер кој може да го загрози Федерер во ниеден сегмент на тениската игра.