Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во третото коло на ИТФ-фјучерсот во Швајцарија откако славеше во второто коло против Ксју Ванг со 2:1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:0.

Ванг е на 133 место на ВТА ранг листата и во денешниот натпревар влезе како голем фаворит, но по водството по првиот сет, Ѓорческа најде сила и направи пресврт за триумф кој покажува со каква ментална сила располага нашата тенисерка.

Во третото коло Ѓорческа ќе игра со подобрата од мечот меѓи Ребека Марино и Лукреција Стефанини.