Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ќе ја прекинат соработката поради Хрватска, пишува „Б92“.

Иванишевиќ најверојатно ќе стане селектор на Хрватска репрезентација и поради обврските со нациооналниот тим на својата земја најверојатно ќе ја прекине соработката со Србинот.

Жељко Каран доби отказ од Хрватската тениска федерација која сака да го назначи Иванишевиќ за селектор.

Медиумите од Србија шпекулираат дека Иванишевиќ сеуште не ги започнал преговорите, но извесно  е дека контакт преку посредници имало, нејасно е дали ќе ја прифати понудата.