Поранешниот победник на Вимблдон, Горан Иванишевиќ во изјава за „Спортски журнал“ демантира дека некогаш изјавил дека сака да убива Срби.

Хрватот Иванишевиќ беше под силен притисок на јавноста  од Србија во текот на деведесетите години кога силно го подржуваше тогашниот претседател на Хрватска, Фрањо Туџман, во една прилика наводно на едно стрелиште во Автралија тој изјавил:

„Повеќе би сакал наместо празна мета да има Срби па да се пука по нив“ – наводно изјавил Иванишевиќ.

Иванишевиќ речиси и да нема интервју за  некој медиум од Србија, сега во ексклузивно интервју за „Спортски журнал“ демантира дека изјавил такво нешто.

„Не сакам да се навраќам во минатото. Подобро да разговараме за иднината. Но, ајде ќе ви раскажам што точно се случи, пред 27 години во Аделаида, на турнир кој засекогаш ми остана во сеќавање беше многу стресно, постои голема позадина за тоа што се случи и што реков. Во текот на мечот дојдоа десетина момчиња од Србија и ме навредуваа, дојде до прекин на мечот со  Швеѓанецот Култи.Јас возвратив и настана инцидент на трибините. Таа недела никаде не смеев да излегувам, специјалците ме повикаа на стрелиште каде вежбаа, ми дадоа пушка, да гаѓам во мети. Новинарите дознаа дека бев таму  и ме прашуваа, како беше, јас им реков дека беше супер,но дека ќе беше подобро да бидат мета навивачите кои ме навредуваа, новинарот од Австралија  погрешно преведе дека сакам да убивам Срби “– изјави Иванишевиќ

Горан Иванишевиќ сега работи со Новак Ѓоковиќ кој денеска го игра полуфиналниот меч со Баутиста-Агут од 14 часот.