Лина Ѓорческа продолжи со импресивните игри на ИТФ турнирот во Трнава, откако денеска во четврфиналето ја совладата искусната романка Александра Каданту со 6-3 и 6-2 по сетови.

Лина место во финалето ќе бара преку Влада Ковал од Русија, која славеше против Кучова од Чешка. Во второто полуфинале ќе се сретнат Русинките  Викторија Кан и Софија Лансере.

Победникот на овој турнир ќе добие награда од 25.000 долари.