Ѓоковиќ го освои Вимблдон, недостижен е на првото место на АТП рангирањето но и ова не е доволно за да биде прифатен како најдобриот во светот, смета прославениот руски тенисер, Евгениј Кафелников.

„Многу зависи од тоа дали ќе го поминат Федерер. Тие не се веќе така млади. Тој што ќе може да игра на највисоко ниво и ќе има најмногу титули. Тое веќе испишаа историја. Но Надал и Ѓоковиќ ќе ги ценат повеќе ако освојат 21 Грен слем титула и со тоа ќе го поминат Федерер.“ – вели Кафелников.

Следен сериозен предизвик за светските тенисери е настапот на Грен слем турнирот УС Опен.