Поранешната најдобра светска тенисерка, Каролина Возњацки, сосема неочекувано  соопшти дека наскоро  се повлекува од играњето тенис.

Данката која има 29 години истакна дека во пензија заминува по Австралија Опен на почетокот на јануари. Возњацки најголемиот успех во кариерата го направи токму на терените на „Мелбурн Парк“ каде во 2018 година стигна до својата прва и единствена Грен слем титула.

Возњацки беше прворангирана на ВТА-листата 71 недела во 2010 година, а професионалната кариера ја почна во 2005 година. Данката години важи за една од тенисерките со најдобра дефанзива.