Доминик Тим, кого го сметаат за еден од најсериозните кандидати за освојување на Гренд Слем турнир надвор од големата тројка, вчера имаше идеална можност да го потисне Роџер Федерер од третата позиција на АТП-листата и да ја раздели големата тројка.

За да го направи тоа Доминик требаше во четврт-финалето на турнирот во Рио да го совлада Џанлука Магер, 128-ми светски рекет.

Но, Доминик Тим мечот го загуби со чисти 0:2 (7:6 и 7:5), па ќе мора да почека на третата позиција на престижната листа.