Ник Кирјос е познат по својот незгоден темперамент, тоа го почуствува и судијата на турнирот во Квинс, австралиецот го навредуваше главниот судија на мечот со Роберто Карбаљес Баен.

Кирјос има 24 години, често е во фокусот на вниманието поради инцидентите на теренот, ретко поради добри резултати. Во лондон се „истакна“ со коментар кон судијата на мечот кој донесе одлука која не му се допадна

„Се шегуваш со мене…Тоа беше аут, имаш само една работа… Шеширот ти е смешен, нема ни сонце, зошто го носиш“ – коментираше нервозниот Кирјос.