Австралиецот Ник Кирјос, познат во тенискиот свет како човек кој често со навредливи коментари говори за своите колеги, сега изненади, го пофали Новак Ѓоковиќ.

Кирјос гостуваше во ТВ емисија во Австралија кај водителот Карло Стефановиќ, се разговараше дали да има публика на трибините на следното издание на Австралија Опен и дали да му се дозволи на Ѓоковиќ поинаков третман..

„Знаете, ние не го сакаме Ѓоковиќ, но тој мора да дојде на овој турнир, публиката го сака, тој ќе привлече многу публика, треба да му се овозможат специјални услови, приватна куќа за сместување, сепак публиката доаѓа поради него“ – констатира Кирјос.