Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос повторно направи испад, на една недела пред почетокот на вториот Гренд слем во сезоната.
Откако претходните денови го навреди Новак Ѓоковиќ, а потоа фрлаше столици на терен, Кирјос сега му се нафрли на „Ролан Гарос“.
„За неколку дена морам да одам во Париз. Френч Опен е ср**е во според со ова. Апсолутно ср**е“, рече Кирјос снимајќи се на терените на Вимблдон.
Турнирите на земјена подлога не се меѓу омилените на Кирјос затоа што – му се валкаат чорапите.
Be the first to write a comment.