Контроверзниот Ник Кирјос  изјавил дека морал да ги намали бројот на мечевите во сезоната поради одредени психички проблеми.

Кирјос на турнирот во Вашингтон стартуваше со победа против Сон Квијатковски по што се пожали дека има проблеми кои го мачат.

„Не играв многу добро, во моментов минувам низ тежок период, имам одредени психички проблеми, задоволен сум што ја остварив оваа победа“ – беше искрен Кирјос.

Кирјос е во псотојана кавга со судии, колеги од тенисот, на теренот  и надвор од него, во моментов е  52 на АТП листата, сезоната ја започна како 32 тенисер во светот.