Австралискиот тенисер Ник Кирјос се откажа настап во Синсинати и УС Опен, тој смета дека нема услови за „нормален тенис“ во време на пандемија и ги „пецна“ организаторите.

„Немам проблем со тоа што некои сакаат да играат на УС Опен, никој повеќе од мене не сака тие луѓе таму да ги зачуваат своите работни места…, но тенисери не можете да бркате пари ширум Европа за да ви гостуваат а вие брзо да заработите со организација на турнири. Тоа е себично. Помислите барем еднаш за животот и на другите, а не само на себе.  Однесувајте се одговорно“ – порача Кирјос.