Ник Кирјос е немирно момче  и тенисер кој е постојано во фокусот на вниманието со скандалите кои ги предизвикува. Темпераментот му е уникатен, често не почитува ништо и никого, така беше и на мечот со Рафаел Надал на Вимблдон со кого не е во добри односи.

Кирјос загуби со 3-1, често  приговараше кон главниот сидија, познато е дека постои нетрпеливост со Надал, тоа го призна тенисерот од Австралија кој имал неверојатен план.

„Сакав да го погодам Рафа во градите со топчето. Зошто да у се извинам? Тој има многу Грен Слем титули, може да издржи еден удар во гради. Судијата беше ужасен, му дозволуваше на Надал да се  подготовува пред сервис долго време“ – изјави Кирјос.