Легендарната тенисерка Ким Клајстерс ќе го одложи својот кам-бек, поради повреда. Таа најави дека се враќа на терените на почетокот од наредната година, но има повреда на коленото.

Белгијката, сепак изјави дека е уверена дека ќе и се врати веднаш штом се опорави од повредата. Клајстерс во својата кариера има освоено 5 Грен слем титули, а во 2004 беше прва тенисерка во светот.

Клајстерс е надвор од тенисот од 2012 година, затоа што стана мајка и реши да посвети повеќе време на семејството.