Белгиската тенисерка Ким Клајстерс која оваа година по вторпат се врати на професионалната кариера, најавува дека ќе продолжи да игра без оглед на пандемијата со Ковид-19, која ги запре и сите тениски натпреварувања.

„Се надевам дека ќе може уште да играме оваа сезона. Но, дури и да не биде така планирам да продолжам да играм. Сакам да бидам подготвена за УС Опен ако се одржи. Беше фантастично да се вратам на стадионот „Артур Еш“, но ќе бидам среќна да заиграм и на теренот број 18.“ – истакна тенисерката која е член на Меѓународната тениска куќа на славните од 2017 година.

Ким Клајстерс три од своите четири Глен слем трофеи ги освои во Њујорк, а во 2011 година го освои и трофејот и во Австралија Опен.