Контроверзниот Беноа Пjер е суспендиран од француската тениска репрезентација и нема да настапи на Олимписките игри во Токио.

Пjер (31) е четврти Французин на АТП-листата, и 35-ти играч во светот, па затоа во моментов е во олимписка норма.

Француската тениска федерација донесе одлука за суспензија за „несоодветно однесување“.

Пер беше избркан од Олимпиското село во Рио пред четири години за прекршување на правилата.

Годинава загуби девет од десет натпревари, а по поразот во Монте Карло,  изјави дека не ужива во тенисот и дека на турнирот дошол само поради пари.

“Воопшто не ми е грижа за овој натпревар. Ќе направам уште еден дубл и ќе си одам дома. Имам само два часа возење. Играњето на вакви турнири ме фрла во депресија. Да се ​​дојде во Монте Карло и да се видат празни трибини е навистина тажно. Се чувствувам мизерно на теренот. Сепак, заработив 12 илјади евра и сега одам дома. Совршен “, рече тогаш Пер.

Во кариерата заработи осум ипол милиони евра од турнирите. Освои и три титули, а во 2016 година беше 18-ти играч во светот.