Со денешното откажување на мастерсот во Индијан Велс на АТП листата ќе дојде до бодовна промена.

Имено, следната недела ќе се избришат сите поени заработени на овој турнир минатата година.

Најмногу од ова ќе добие Новак Ѓоковиќ, кој минатата година отпадна во третото коло и требаше да брани само 45 поени.

Најмногу ќе загуби Доминик Тим, кој лани го освои турнирот и кој ќе загуби 1000 поени. Федерер лани загуби во финалето и сега ќе има 600 поени помалку, додека Надал ќе загуби 360 поени, бидејќи загуби во полуфиналето.

Идната недела пласманот на првата петорка на АТП-листата ќе изгледа вака:

1. Новак Ѓоковиќ 10.175
2. Рафаел Надал 9.490
3. Доминик Тим 6.045
4. Роџер Федерер 6.030
5. Данил Медведев 5.845