Марсело Риос е еден од најдобрите тенисери во историјата на Јужна Америка и се смета за еден од најкотраверзните тенисери во историјата.

Чилеанецот во едно интервју ја нападна Меѓународната тениска асоцијација, која според него е „мафија“ која покрива допинг скандали на големите тениски ѕвезди, со цел да се задржи популарноста на белиот спорт.

„АТП е една голема мафија, една од најголемите во светот на спортот. Во мое време Андре Агаси четири пати падна на допинг тест, но сето тоа беше „покриено“. Тенисот ја губеше популарноста, па никој не сакаше да зборува за негативните страни на една од најголемите ѕвезди во тој период“-заклучи Риос.

Во својата богата кариера Риос освои осумнаесет АТП титули, но ниту една на Грен слем турнирите. Најдалеку стигна на  Австралија опен во 1998 година, каде во финалето загуби од Чехот, Петр Корда.