Шампионот на Ролан Гарос од 1976.година, Адријано Паната смета дека Роџер Федерер е најдобриот тенисер на сите времиња и дека тоа не може никој да го промени.

„ Тоа е лесно, Федерер е најголемиот. Статистиките во корист на Ѓоковиќ не ме интересираат. Јас на работите гледам комплексно- стил, чуство, комплетна игра. Федерер се уште и секогаш ќе биде подобар од другите“ – изјави Паната.

Швајцарецот досега освои 20 Грен слем титули, една повеќе од Надал и три повеќе од Ѓоковиќ, кој пак со своите најголеми ривали има позитивен меѓусебен биланс.