Еден од најдобрите тенисери на сите времиња,  Род Лејвер даде мислење за тоа кој е најдобриот тенисер од големата тројка, а притоа напомена дека тенисот денес со тој од 70-те кога тој доминираше не може да се спореди.

„Дефинитивно денес сè е полесно. Да играа Федерер, Надал и Ѓоковиќ со дрвени рекети немаше да ги изведуваат ударите како сега. Затоа не може да се споредат играчи од различни ери. Сè што може да се оцени е најдобар тенисер во своето време, а Федерер е во тој поглед најдобар“– изјави Лејвер.

Швајцарецот и поради стилот на игра и поради рекордите до пред неколку години важеше за најдобар на сите времиња, но во последно време тие рекорди се на дофат од страна на неговите вечни ривали Надал и Ѓоковиќ, кои некои луѓе по многу што ги вкрстуваат во споредбите пред популарниот „Федекс“.