Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди место во второто коло од ИТФ турнирот во Трнава кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Лина одигра извонреден меч против четвртата носителка, Река-Луца Јаниг, од која беше подобра со 2-0 во сетови по само 1 час и 10 минути игра.

Привот сет Ѓорческа го освои со 6-3, додека вториот и припадна со убедливи 6-1. Во второто коло Лина ја очекува меч со домашната тенисерка Викторија Морвајова која доби вајлд карта за овој настан.