Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да пласира во третото коло на турнирот во Москва.

Ѓорческа беше поразена во второто коло од Белорусинката Јулија Хатоука со 2:0, по сетови 6:3 и 6:2.

Ѓорческа на овој турнир беше осма носителка а во воведното коло ја победи домашната натпреварувачка Анастасија Тихонова со 6:2 и 6:3.