Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, откакако ја елиминира првата носителка на ИТФ фјучерсот во Анталија, веќе во второто коло неочекувано загуби од Андреа Лазаро Гарсија.

Шпанката славеше со 2-0 во сетови по 6-3 и 6-4 за час и половина тенис. Покрај овој пораз, Ѓорческа беше елиминирана и во двојки каде со својата партнерка Папамихаил како втори носителки неочекувано загубија од словенечко-чешката комбинација, Ника Радишиќ и Јохана Маркова.

Радишиќ и Маркова славеа на теренот број три со 6-2, 5-7 и 10-3 во супер тај-брејкот.