Лина Ѓорческа, нашата најдобра тенисерка во моментот, стигна до пласман во полуфиналето на турнирот во Севилја.

Четвртата носителка Изабела Шиникова загуби од нашата Ѓорческа со 4-6, 6-3 и 6-3.

Бугарката Шиникова го одби првиот сет, а потоа нашата Ѓорческа запиша два успешни сета и победи.

Ѓорческа на турнирот во Севилја настапува и во игра на двојки, со Тена Лукас ќе игра во полуфинале против Хобгарски и Шиникова.