Лина Ѓорческа обезбеди полуфинале на турнирот во Визбаден, во четвртфиналето играше против осмата носителка, Италијанката Федерика ди Сара, која во вториот сет го предаде мечот.

Ѓорческа доминираше во првиот сет, го доби првиот сет со убедливи 6:1, а при водство од 2:0 во вториот, Италијанката Федерика ди Сара го предаде мечот.

Противник на Лина Ѓорческа во полуфиналето ќе биде подобрата од дуелот меѓу првата носителка Клара Бурел од Франција и Романката Клара Игнатик.