Лина Ѓорческа  стигна до првата титула во 2021 година, најдобрата македонска тенисерка во игра на двојки победи на турнирот во Калви, Франција.

Ѓорческа и Амандин Ес на финалниот натпревар, ги совладаа Одреј Алби и Леолија Жанжан од Франција, со 2-0 во сетови 7-5, 6-4.

Финалниот меч се играше речиси 90 минути, Ѓорческа настапи и во сингл, но загуби на стартот од турнирот.