Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и понатаму е мотивиран и ужива во тенисот изјави неговиот тренер Иван Љубичиќ.

Федерер по Австралија Опен имаше артоскопска операција на коленото, поради што ќе ги пропушти Мастерсите во Мајами и Индијан Велс и комплетната сезона на замјена подлога.

Не знам уште колку Федерер ќе игра. Тоа е прашање за него. Среќен сум што е мотивиран, сака да игра тенис. Роџер е мој прв, втор и трет приоритет. Слободен сум 52.седмици годишно и така ќе биде се додека тој сака да игра. Благодарен му сум на овој спорт кој ми даде се, а најголема привилегија е тоа што соработувам со Федерер“-изјави Хрватот.

Федерер би требало да се врати на турнирот во Хале, во средината на јуни.