Новак Ѓоковиќ е веќе во Токио, стигна меѓу првите на ЛОИ, сака да добие повеќе време за адаптација во пресрет на тенискиот турнир на игрите.

Србинот нема злато на Олимписките игри, сега е топ фаворит во Токио за злато, неговиот пријател и противник од тениските терени, кој често знаеше да застане на патот на Ноле, Хуан Мартин Дел Потро со шеговита порака на твитер за очекувањата на Ноле.

„Ќе те гледам! Овојпат имаш шанса пријателе“ му порача Дел Потро.

Не помина многу време па се огласи и Ѓоковиќ, и тој беше расположен за шега.

„Најдобар си пријателе. Ти посакувам брзо да се вратиш на терените, иако секогаш ме победуваше на Олимписките Игри“ – напиша Ѓоковиќ.