Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез победи на турнирот на трева кој се играше во Лондон.

Во финалето Лопез беше поуспешен од Французинот Жил Симон, кого го победи во три сета со 2-1 по сетови (6-2, 6-7, 7-6).

Интерсно е што Лопез на овој турнир влезе со „вајлд-карта“,  по што успеа да триумфира за негова  осма титула во кариерата.