Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит во финалето на Вимблдон, за противник го има деветтиот носител Матео Беретини кој е прв од Италија кој игра на завршниот меч на лондонската трева.

Но Ѓоковиќ кога играл последен пат против деветти фаворит на Грен Слем турнир загубил, во 2015 година на Ролан Гарос беше поразен од Стен Вавринка со 3-1.

Во медиумите сметаат дека тоа не е добар знак за Ѓоковиќ, иако Србинот е голем фаворит за титулата. Мечот на Вимблдон за титулата започнува од 15 часот.