Кандидатот за претседател на ИТФ, Дејв Мајли, смета дека тенисот ќе западне во криза кога же се пензионираат Федерер и Надал. Сосема извесно е дека Федерер кој има 38 години и пет години помладиот Надал нема уште долго време да бидат активни во тенисот и нивното заминување во пензија по долгиот период на доминација може да предизвика негативни ефекти, смета Мајли.

„ Мислам дека тенисот како спорт не е подготвен за такво нешто. Кој ќе го промовира тенисот потоам, кој ќе ги заземе нивните места? Доколку бидам ибран за претседател на ИТФ, ќе ангажирам луѓе кои ќе смислуваат нови идеи за промоција на нашиот спорт“ – вели Мајли.

Рожер Федерер со 20 освоени грен слем титули е најуспешен тенисер во историјата, додека Рафаел Надал има само една титула помалку од него.