Анета Павловска ќе биде дел од линиските судии на тенискиот турнир на ЛОИ во Токио, најголемиот собир на спортистите оваа година.

Прв македонски судија на Олимписки игри на тенискиот турнир беше Зоран Поповски, сега Павловска ќе не претставува на овој најзначаен собир на спортистите од целата планета.

Павловска има 33 години, има искуство од големите турнири, Вимлбдон и Ролан Гарос, како и на многу натпревари од ВТА серијата.

ФОТО: Фејсбук