Најдобриот британскит тенисер на сите времиња, Енди Мареј сезонава успеа да се врати по тешката повреда на колкот. Британецот откри дека конечно игра без болка, а тоа дали ќе игра на високо ниво ќе знае по Австралија Опен, турнир кој на програмата е во јануари следната година.

„Сезонава играв натпревари во три сета кои траеја навистина долго. Но, кога се игра во три добиени сета, многу е потешко. Ќе видиме како ќе биде во Австралија. Ме прашувате што очекувам од турнирот во Мелбурн? Не знam, сигурно не очекувам да го освојам, но за мене ќе биде успех ако успеам да одиграм неколку меча во три добиени сета“- изјави Мареј.

Пред Австралија опен, трикратниот грен-слем шампион ќе се натпреварува на АТП купот, каде ќе ги брани боите на Велика Британија.