Енди Мареј ја направи најголемата победа оваа сезона, по триумфот над 13 светски рекет Матео Беретини на турнирот во Пекинг. Британецот по голема борба славеше во два сета со идентични 7-6 и по подолг период одигра онака како што знае.

За потсетување во изминатите 2 години Мареј имаше проблеми со колкот, повреда која ја доведе во прашање кариерата на британецот, но полека и сигурно ја враќа својата препознатлива форма.

Мареј во следното коло ќе игра против сонародникот Камерон Нори, кој мина во следната фаза, откако Гарин му го предаде мечот во вториот сет.