Поранешниот светски број 1 Енди Мареј успешно го започна Мастерсот во Шангај, откако славеше над Хуан Лондеро со 2-1 во сетови.

Трикратниот шампион на турнирот во Шангај лошо го започна мечот и го загуби сетото со 6-2. Со идентичен резултат Британецот му врати на Лондеро во вториот сет, а нивото на игра го задржа и во третиот кој му припадна со 6-3. Кај Мареј кој полека се враќа во старата форма денеска не функционираше уфрлањето на првиот сервис кој му беше само 62 проценти што за играч од негов калибар не е на ниво.

Во следното коло Мареј ќе игра против Фабио Фоњини кој полесно од очекувањата го совлада Сем Квери. За издвојување се и победите на Монфис, Пер, Шаповалов и Шарди.