Енди Мареј во неверување ги дочека последните денови пред почетокот на Вимблдон.

Неодамна му се врати на тенисот по повеќемесечната мауза, а потоа дозна дека веќе во третото коло од натпреварување на најпопуларниот турнир можно е да игра против својот брат Џејми.

Енди настапува во тандем со Пјер Иго Ербер, а Џејми со Нил Скупски. Доколку ја оправдаат фаворитската улога, браќата ќе се сретнат во третото коло.

Ваква ситуација браќата имаа во 2015 година, а тогашните зборови на Енди денес повторно се актуелизираат.

„Ова беше ненормално. Да играм против родениот брат. А ние двајца, кога можеше играме заедно во пар. Не дај Боже ова да се повтори некогаш. Но, знаејќи се, каков сум баксуз, ќе ми се случи баш на Вимблдон.“ – изјави тогаш Енди, а сега е извесно дека тоа и ќе се случи.