Поранешниот светски број еден, Енди Мареј ја отфрли можноста да настапи на УС Опен во сингл конкуренција.

По поразот од Ричард Гаске во воведното коло на Мастерсот во Синисинати од 6:4 и 6:4, Мареј беше искрен околу неговите моментални можности.

„Не се чустувам сигурен за да донесам таква одлука. Сакав да одиграм неколу меча за да видам во каква форма сум но очигледно не сум во посакуваниот ритам за да можам вистински да му се вратам на тенисот во поединечна конкуренција.“ – изјави Мареј.

Рехабилитацијата е завршена но Мареј не се чуствувам подготвен за да земе учество на следниот Грен Слем во поединечна конкуренција.

Тој најверојатно ќе биде дел од последниот овосезонски Грен Слем но во конкуренција на двојки и на мешани двојки.