Поранешниот најдобар светски рекет одлучи јавно да сподели дел од разговорите со Ник Кирјос за неговото однесување на турнирот во Синсинати.

Австралијанецот поради недолично однесување беше казнет со 113 000 долари а осуден од светската тениска публика поради испадите кои ги имаше во последните неколку дена.

„Не е тоа убаво од негова страна. Не требаше така да се однесува со Марфи. Разговарав со него по мечот, минатата недела во Вашингтон, заврши одлична работа. Очигледно е дека оваа седмица продолжи со старите навики. Сите треба да се надеваме дека Кирјос ќе го реши проблемот кој го има затоа што тој Ник од Вашингтон е добар за тенисот, ново овој од Синсинати не е.“ – изјави Мареј.