Енди Мареј поради повреда е принуден да се повлече од Мастерсот во Мајами. Британецот вчера објави дека нема да учествува на ова натпреварување.

Мареј во Мајами веќе една недела се подготвуваше за Мастерсот кога по одработениот тренинг почувствувал болка во препоните.

„Немав проблеми за време на тренингот, добро се чувствував. Во петокот немав проблеми, но се разбудив во 3 часот наутро со болка. Кога станав ми беше тешко да одам.“ – изјавил Мареј додавајќи дека не знае за што станува збор.

Објаснува дека болката со денови била се помала, но на крај не може да игра во Мајами бидејќи ги прекинал тренинзите.

„Очаен сум. Ова е местото каде многу тренирав низ годините, чувствувам дека е мој втор дом. Последен пат тука играв во 2016 година и толку работи после се случија. Во 201 беше лактот, потоа мојот колк. Минатата година се случи Ковид. Мајами ми даде многу, но не е судено“ – вели Мареј.

Оваа сезона Мареј не играше ниту во Дубаи бидејќи неговата сопруга се породи со четвртото дете.