Енди Мареј  по 3 сета го совлада сонародникот Камерон Нори и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг.

Поранешниот светски рекет број 1 славеше со 7-6, 6-7 и 6-1, а во првиот сет спаси три сет топки и успеа да го освои тој дел од играта. Мареј за прв пат годинава успеа да врзе две победи една по друга. Во претходното коло во Пекинг славеше против моментално 13-тиот светски тенисер и полуфиналист од Ју-Ес Опен, Матео Беретини.

Со овие две победи Мареј ќе направи голем скок на АТП-листата од следниот понеделник и треба да се најде на 286-тото место, што е напредок од дури 217 места. Во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Тим и Џанг.