Поранешниот најдобар тенисер во светот, Енди Мареј во голем стил се врати во финишот на мината сезона по тешката повреда на колкот, а Британецот во моментот се подготвува за настапот на АТП купот за својата земја, но и подоцна за првиот Грен Слем, Австралија Опен.

Тој во едно интервју зборуваше за „големата тројка“ и смета дека тие сè уште го немаат покажано последниот збор.

„Мислам дека Рафа, Новак и Роџер ќе играат уште и тоа е позитивно. Логично е прв да се повлече Федерер, тој е постар од останатите. Сепак, фантастично е да гледам што тие прават. Едвај чекам повторно да играм против нив“, изјави Мареј.

Поранешниот светски рекет број еден моментално се наоѓа на 125 позиција од АТП ранкингот, а во годината што следува очекува да се врати во самиот светски врв.