Тенисерките Марија Шарапова и Венус Вилијамс добија специјални покани да учествуваат на ВТА турнирот во Синсинати.

Прва носителка на турнирот ќе биде Ешли Барти, по што следуваат Наоми Осака и Каролина Плишкова.Турнирот ќе се одржи во периодот помеѓу 10 и 18 август.

” Марија и Вeнус се две од најголемите шампионки во историјата на играта. Со нетрпение очекуваме да ги видиме меѓу учесниците следниот викенд “, изјави директорот на турнирот во Охајо, Андре Силва.