Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето на турнирот во Рим, откако денес во два сета го совлада Aмериканецот Рајан Опелка со 6:4, 6:4.

Рафа дојде до победата со само два брејка на мечот, по еден во двата сета, и со тоа славеше во своето 12-то полуфинале на турнирот во Рим. За Опелка ова беше прво полуфинале на Мастерс турнирите.

Тенисерот од Манакор ќе се обиде да ја освои втората титула оваа сезона, откако неодамна го освои купот во Барселона.

Во финалето, Надал ќе ги одмери силите со подобриот играч од натпреварот, Новак Ѓоковиќ – Лоренцо Сонего, кој е на програмата веднаш по овој дуел.